Посета на ученици од средната школа НОВА во Центарот за млади и НВО

Posted on March 22nd, 2016 • Respond to this post »

Учениците од средната школа НОВА имаа можност да се запознаат со работата на Младиинфо, како и да слушнат нешто повеќе за активностите кои се случуваат во рамките на Центарот за млади и НВО во Железара. Средношколците од НОВА го посетија тимот на Младиинфо на 22-ри март, 2016, а посетата беше во рамки на нивната програма за човекови права [Community Service & Service Learning – Program “Human Rights“]. Покрај тоа, учениците имаа можност да се запознаат и со нашите волонтери преку Европскиот волонтерски сервис кои споделија збор за нивното искуство во Македонија.

IMG_2515

IMG_2547

IMG_2573

Leave a Response