Фокус групи: Прославување на солидарноста

Posted on February 23rd, 2017 • Respond to this post »

Оваа недела во просториите на Асоцијацијата за едукација – Младиинфо Интернационал беа спроведени фокус групите во рамки на проектот „Прославување на солидарноста“, предводен од фондацијата Ана и Владе Дивац од Србија, а во кој Младиинфо Интернационал учествува како партнер-организација, заедно со организации од Албанија, Бугарија, Унгарија и Полска.

Учесниците беа поделени во две групи:

  • првата групата млади од 15-20 години;
  • втората група млади од 21-30 години.  

Дискусијата беше спроведена со цел да се слушнат ставовите на младите за клучни прашања поврзани со солидарноста во Македонија, различните видови на кризи и општествени предизвици со кои тие се соочуваат, нивото на вклученост и влијанието на образовниот сектор во поттикнување на солидарноста, истовремено постојано потенцирајќи ја важноста од човечност спрема другите за време на конфликти и други катастрофи.

sdr

Разговорот се одвиваше во неформална атмосфера каде сите учесници го споделија своето мислење, без разлика на тоа дали досега имале искуство со акции на солидарност.

Целта на проектот „Прославување на солидарноста“ е зголемено истражување, стимулирање дебата и поттикнување на солидарноста како неодминлив дел од современото европско општество. Повеќе за проектот на официјалната веб-страна.

За да бидете во тек со сите следни новости, настани и активности, следете нѐ на официјалната Фејсбук страна – Museum of Solidarity.

*Проектот е поддржан од програмата „Европа за граѓаните“ на Европската Комисија.

Leave a Response