Историја

  • 2003: основање на Младиинфо, како невладина, непрофитабилна организација во Скопје, Македонија, како организација членка на Еuropean Youth Press;
  • 2008: оформување на информативниот веб-портал mladiinfo.eu со што е одбележан почетокот на иницијатвата Your link to free education;
  • 2009: Младиинфо е избран меѓу првите пет портали во категоријата Едукација за секого (Education for All), во натпревар со други 622 веб-портали ширум 101 земја на светско ниво. The World Summit Award е глобална иницијатива организирана од страна на Обединетите нации;
  • 2010: Се формира првиот Младиинфо тим;
  • 2010: Младиинфо добива акредитација да биде домаќин организација за ЕВС волонтери и добива своја канцеларија во YES Incubator. Од тогаш, најмалку 12 волонтери од различни европски земји се дел од Младиинфо тимот;
  • 2011: Се отвара Младиинфо центарот како резултат на приватно-јавната партнерска соработка со Националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски. Од месец јануари, Младиинфо прераснува во вистински информативен центар којшто го зајакнува капацитетот на организацијата да овозможува организирање на настани, тренинзи и информативни сесии;
  • 2011: Младиинфо влегува во финалната листа од 132 проекти (од 1850 приjaвени) и е избран како победник на национално ниво при ESTE Foundation Award for Social Integration;
  • 2011: Mladiinfo Montenegro, втората Младиинфо бранша е основана во Црна Гора;
  • 2012: Младиинфо го добива својот сегашен простор во Центар за млади и НВО, во населба Гази Баба, Скопје;
  • 2012: На World Summit Youth Award Младиинфо добива две награди за најдобри електронски содржини и за најдобар бизнис потенцијал во категоријата Едукација за секого (Education for All);
  • 2012: Младиинфо се шири со отварањето на бранши во Словенија(јануари) и Република Чешка (март);
  • 2013: Младиинфо беше избран во деветте (9) најуспешни проекти од Европа и Северна Америка во 2013 од страна на УНЕСКО
  • 2014: Младиинфо се шири со отварањето на бранша во Албанија;
  • 2014: Се основa Младиинфо Интернационал од страна на локалните бранши во Албанија, Хрватска, Република Чешка, Македонија, Црна Гора, Словачка и Словенија;
  • 2015: Младиинфо се шири со отварање на две нови бранши во Австрија и Полска;
  • 2016: Соработка со ЕYRICA (European Youth Information and Counselling Agency);
  • 2017: Младиинфо добива членство во GSEN (Global Social Enterpreneurship Network).