Мисија

Визија
Да се помогне на млади поединци во нивниот личен развој, помагајќи им во процесот на осамостојување и со цел да прераснат во активни двигатели во општеството кое потоа ќе можат да го трансформираат. Истовремено сето тоа е со цел да ги направи поспремни за можните предизвици со кои тие може да се соочат во иднина.

Нашата мисија
Да им помогнеме на младите ширум светот на кои им треба одредена подршка да ги остварат своите потенцијали во сферата на образованието особено на оние кои имаат потешкотии како последица на лични, социјални, културолошки или економски причини.

Нашите главни цели

  1. Да се подигне свеста помеѓу младите ширум светот околу постоечките образовни можности и како да се стигне до нив со цел да се овозможи нивна целосна интеграција во општеството;
  2. Да се подобрат клучните вештини потребни за младите да можат да аплицираат на различни образовни програми, тренинг курсеви, конференции, пракси;
  3. Да ги зајакнат своите претрприемнички способности и да станат покомпетентни за пазарот на трудот;
  4.  Да се обезбеди место каде младите луѓе може да се спремаат за заземање на активна улога во општеството.

Младиинфо адресира до овој проблем низ серија од работилници кои се одржуваат во Македонија и низ кои директно има придонесено до тоа да се подобрат комуникациските или компјутерските умешности и тоа на повеќе од 1.500  поединци од земјата и регионот. Самата платформа Младиинфо нуди простор младите да го изразат своето мислење низ свои текстови на англиски јазик, а со тоа да ги зајачи комуникациските вештини и да ја зголеми нивната самодоверба и себе-изразување. Истовремено, Младиинфо активно го промовира волонтерството – со тоа што сме домаќин-организација и испраќач-организација на волонтери придонесуваме кон општеството не само со ширење идеи за толеранција и позитивно мислење меѓу младите, туку и преку давање пример дека не сите процеси во општеството за свој двигател го имаат финанскиот аспект.