За нас

Како иницијатива, Младиинфо Интернационал, ја промовира и посредува комуникацијата помеѓу младите, студентите, професорите, истражувачите, универзитетските претставници, младинските невладини организации и сите оние кои се вклучени во образовниот процес во Македонија и светот. Посветени на младите уште од самиот почеток, односно на нивните проблеми и потреби, Младиинфо Интернационал презеде бројни активности за промовирање и унапредување на бесплатното образование, комуникацијата, медиумите, новинарството итн. Овие проекти вклучуваат активности за промовирање на соработката помеѓу универзитетите на национално и меѓународно ниво, како и обезбедување поддршка за разни активности за размена, како и можности за стекнување на работно искуство. Исто така, целта на Младиинфо Интернационал беше преку своите активности да понуди платформа која ќе им ја олесни размената на идеи и искуства на младите.

Оваа платформа се реализираше со формирањето на интернет порталот mladiinfo.euYour link to free education. Овој интернет портал е насочен кон снабдување на меѓународната публика со информации поврзани со образовните можности и развојот на (младинското) претприемништвото. Преку објавување на информации поврзани со образование и програмите за Доживотно учење, како и можности за финансирање на поединци, организации и институции, Младиинфо нуди голем број на услугите и огромен спектар на можности кои може да се искористат за развој и градење на капацитетот.

Порталот mladiinfo.eu беше создаден во 2008 година од група млади од Македонија мотивирани од сопствените позитивни меѓународни искуства, кои се посветија на помагање на други млади луѓе во подобрување на нивното образование, запознавање нови култури и развој на вештини преку искуства. Младиинфо се појави како решение на недостатокот од пристап до информации. Поради тоа, интернет страницата нуди информации, адаптирани за потребите на младите, за формалното и неформалното образование, волонтирање, пракса и работни места преку кои можат бесплатно да стекнат вредни вештини и знаења, што ќе допринесе за нивната конкурентност и посветла иднина.

Денес mladiinfo.eu има повеќе од 120.000 посети месечно со посетители од повеќе од 200 земји во светот. Над 20.000 посетители месечно се регистрирани на нашиот електронски информатор. За информации поврзани со објавените содржини не контактираат, во просек, 10 универзитети/организации неделно. Нашите страни на социјалните мрежи Facebook и Twitter бројат околу 100.000 фанови и пријатели.

Она што започна како искра се прошири во оган и mladiinfo.eu стана знак за портал кој обезбедува информации значајни за младите и интерактивно придонесува во пренесувањето на знаење. Покрај тоа, со формирањето на Информативниот центар во Скопје и подружницата на Младиинфо во Словачка, Чешка, Словенија, Хрватска, АлбанијаЦрна Гора, Австрија и Полска изградивме убава слика за Младиинфо во Централна и Југоисточна Европа.