Соработници

Во нашите секојдневни напори да се подобри и промовира младинското образование и граѓанство, Младиинфо соработува со организации, владини институции и поединци, на локално, национално и меѓународно ниво, кои ја делат истата визија, да се развијат и спроведат иновативни решенија за младинските проблеми и формални и неформални образовни можности. Соработниците се вклучени во комуникацијата, обврските, медиуми, образованието, обуките, промените и организирањето на активностите на Младиинфо. Вештините, ресурсите, увидот и гледиштата на нашите соработници нѐ зајакнуваат.

Затоа, ние секогаш сме заинтересирани за нови можности за соработка и повикуваме нови соработници да ни се придружат и со здружено сили да работиме на проекти, програми, настани и размени.

Еве како вие и вашата организација можете да соработувате со нас :

  • Индивидуално
    Доколку сте заинтересирани да станете волонтер во локалната канцеларија на Младиинфо, редовно следете ја нашата интернет страница или пратете ни ваша биографија и писмо за мотивација на centar@mladiinfo.eu. Исто така, можат да аплицираат за проект на Европскиот волонтерски сервис преку Младиинфо како организација испраќач или домаќин на evs@mladiinfo.eu.
    Ако лично сте успеале во нешто или сте стекнале нешто преку Младиинфо, ве молиме, споделите ги вашите искуства со другите и мотивирајте ги активно да ја користат оваа интернет страница за своја предност.
  • Партнерска организација
    Младиинфо секогаш е во потрага по партнери кои се подготвени да ја поддржат работата на Младиинфо преку заеднички програми, и да се вклучат и соработуваат на проекти за размена на знаења и искуства, обуки, посети и вмрежување, со цел да се активираат младите за подобрување на заедницата.
  • Партнерска организација за проекти на ЕВС
    Младиинфо постојано бара партнери за примање на волонтери од Македонија или испраќање на волонтери во Македонија. Ја покануваме вашата организација да воспостави партнерство со нас и да создаде солидна мрежа за размена на волонтери. Во моментов, Младиинфо има партнерски организации во: Австрија, Германија, Грција, Италија, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Чешка, Шпанија.
  • Јавно приватно партнерство
    Младиинфо соработува со училишта, универзитети, младински програми, волонтерски и национални програми, и владини агенции од целиот свет кои се здружуваат за спроведување на младински проекти.
  • Поддржувач
    Ако барате место за рекламирање на вашите активности и вашата целна група се млади луѓе, без разлика дали сте универзитет, организација или бизнис компанија, mladiinfo.eu е совршениот начин да се допре до младите луѓе од многу земји! Зошто? Затоа што, нашата интернет страница има повеќе од 120.000 посетители месечно и повеќе од еден милион на годишно ниво и нашите посетители се активни млади луѓе од целиот свет помеѓу 18 и 35 години. Рекламирај се на Младиинфо!
    Доколку организирате конференција, нудите стипендија, доделувате средства за проект, Младиинфо може да ви помогне во ширењето на вашите информации, кампањи, да организира информативни сесии и да ѝ ја достави вашата понудата на јавноста.

Доколку ги делите истите интереси и верувате дека можете да допринесете за заедничката образовна цел, со нетрпение ве очекуваме. Доколку сакате да не контактирате, Ве молиме, испратете ни електронска порака на info@mladiinfo.eu.