Младиинфо центар

Младиинфо центарот, лоциран во „Центарот за млади и НВО“ во општина Гази Баба, Скопје, Македонија, е место за сите млади, студенти, професори и истражувачи, кои имаат потреба од информации и поддршка за продолжување на своето образование и понатамошниот професионален развој. Улогата на Центарот е да ги промовира можностите за формално и неформално образование и научно-истржувачка работа, како и да го олесни патот на студентите, истражувачите и научниците до стипендии, грантови, конференции и обуки. Центарот редовно организира информативни сесии, работилници и обуки на различни теми кои се однесуваат на образованието и младинското претприемништво.

Центар за млади и НВО лого

Покрај тоа, со цел подигнување на свеста кај младите и одговорните во локалната самоуправа за важноста и придобивките од волонтирањето, Центарот организира отворени денови и трибини за промоција на волонтеството, поточно за „Законот за волонтерство“ и „Стратегијата за унапредување 2010-2015“.

Потоа, за зголемување на можностите за пракса, вработување и самовработување кај младите се организираат бесплатни работилници и стручни обуки за зајакнување на нивните капацитети. Покрај тоа, со цел подигнување на свеста кај компаниите и локалната самоуправа за важноста од овозможување пракса и вработување на младите како дел од „Националната стратегија за вработување 2011-2015“, се организираат информативни сесии за придобивките и олеснителните можности, програмата за општествено корисна работа, програмата за пракса кај познат работодавач и промовирање на иницијатива за летна пракса за средношколци и студенти во компании и општини од скопскиот регион.

Преку презентации за кредитни грантови за самовработување, можности за започнување на сопствен бизнис преку бизнис инкубатори, поддршка за занаети и креативни индустрии, Младиинфо ги информира младите за различните можностите за самовработување.

Што нуди Центарот?

  • Центарот нуди промотивни материјали од голем број универзитети ширум светот, како и брошури кои ги претставуваат образовните и развојните можности кои се промовирани од страна на странски амбасади и претставници во Република Македонија.
  • На оние кои се заинтересирани, Центарот им нуди можност да се информираат за различни можности за стипендии за дипломски , постдипломски и докторски студии, истражувања, како и обуки, конференции, грантови и натпревари.
  • Покрај информации, Центарот нуди и консултации за процедурите за аплицирање, роковите, условите и друго.
  • Корисниците на Центарот, исто така, можат да се регистрираат и да добијат можност да станат волонтери во некоја од земјите на Европската Унија.
  • Центарот често е домаќин на претставници на амбасади, странски претставништва и организации кои ги промовираат образовните програмите и стипендии од нивните земји на оние кои се заинтересирани.
  • Центарот организира образовни настани за посетителите (обуки, работилници, дебати итн.) кои покриваат најразлични теми.
  • Центарот организира отворени денови и информативни сесии на теми во врска со младинско волонтирање, пракса, вработување, самовработување итн.