Организацијата Младиинфо

Младиинфо исто така активно работи на подготвување и спроведување на бројни проекти на различни теми како едукација на младите, новинарство, мултимедијалност, човекови права, авторски права и друго. За целите не овие проекти, Младиинфо собра голем број експерти од различни земји кои разменија знаења и искуства за да го помогнат меѓусебниот развој.

Покрај тоа, Младиинфо е активно вклучена во ЕУ програмата „Млади во Акција“, Акција 2 – Европски Волонтерски Сервис (ЕВС). Досега, Младиинфо бил домаќин на волонтери од Словачка, Холандија, Португалија, Хрватска, Белгија и Полска, како дел од проектите „Diversity is Beautiful“ и „Mladiinfo-your gateway to your future“. Во моментов, имаме 2 волонтери преку Европскиот Волонтерски Сервис (еден од Словачка и еден од Полска). Младиинфо има и акредитација да испраќа волонтери од Македонија во земјите од ЕУ. Досега, имаме испратено голем број македонски волонтери во Словачка, Бугарија, Полска, Хрватска, Финска и Турција.

И покрај првичниот фокус кон Балканот, ентузијазмот кој Младиинфо го пресретна надвор од Македонија, покажа дека насекаде младите имаат потреба од релевантни образовни информации. Интересот пројавен во другите делови на светот, не инспирираше да го прошириме нашиот делокруг преку отворање ограноци во Словачка, Словенија, Чешка и Црна Гора, со што Младиинфо прерасна од локална во европска иницијатива. Ограноци кои веќе одлично функционираат се Младиинфо Словенско, Младиинфо Чешка, Младиинфо Црна Гора и Младиинфо Словенија, кои ќе бидат основачите на Младиинфо мрежата. Нивната мисија е да развиваат сопствени платформи кои ќе бидат посветени исклучиво на локалната младина.

Преку испраќање македонски волонтери во странство и вклучување странски волонтери во нашиот тим во Скопје, Младиинфо создава динамична размена на култури кои подигнуваат прекуграничен дијалог и соработка преку нашата единствена меѓународна мрежа на луѓе посветени на градење на капацитетот на младите и обезбедување на информации за бесплатно образование.